среда, 8. декември 2021. Вести денес: 53
home Вести

Сончево време со ветер, стабилно и потопло до петок

Сончево време со ветер, стабилно и потопло до петок

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток. Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат од сабота.

Коронавирус