четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 118
home Вести

Сончево време со услови за дожд во попладневните часови

Сончево време со услови за дожд во попладневните часови

Денеска нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи до 28 степени.

И во следните денови продолжува променливото и посвежо време.

Од УХМР најавуваат дека најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.