сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 69
home Вести

Сончево време со умерена облачност

Сончево време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се движи од 23 до 28 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, со температура до 27 степени.

За време на викендов и почетокот на идната седмица ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе допринесе да има пораст на температурата на воздухот. Утре ќе има зголемување на облачноста со услови за изолирана нестабилност попладне. В понеделник и во вторник на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 80 километри на час) и пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар). Во вторник температурата ќе опадне од 6 до 9 степени.

Коронавирус