недела, 27. септември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Сончево време со температури до 31 степен, попладне очекувајте дожд

Сончево време со температури до 31 степен, попладне очекувајте дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информираат од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 31 степен.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд. Утре ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер.

Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и во сабота, особено во западните делови од државата. 

Коронавирус