петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сончево време со температура до 31 степени

Сончево време со температура до 31 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Кон крајот на неделата ќе има мала до умерена облачност, а дневните температури благо ќе опаднат.

 

Коронавирус