среда, 19. септември 2018. Вести денес: 169
home Вести

Сончево време со северозападен ветер

Сончево време со северозападен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје, слично време со температура од 13 до 29 степени.

Следува период на стабилно и суво време со посвежи утра и дневни температури кои до петок ќе достигнат до 34 степени.