понеделник, 26. септември 2022. Вести денес: 90
home Вести

Сончево време со северен ветер, утринските температури под нулата

Сончево време со северен ветер, утринските температури под нулата

Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 1, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег и со опаѓање на дневните температури.

Коронавирус