Македонија наутро студено

Сончево време со мала облачност

Сончево време со мала облачност

Студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нулата, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст. На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд. Дотогаш ќе продолжи да дува северен ветер.

To top