недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Вести

Сончево време со мала облачност, дожд во западните делови

Сончево време со мала облачност, дожд во западните делови

Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од девет до 21 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во сабота на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а ќе дува и умерен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите во следните денови.