вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сончево време до 20 степени, вечерва снежна покривка до 20 сантиметри

Сончево време до 20 степени, вечерва снежна покривка до 20 сантиметри

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Во вечерните часови, почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната до максимални 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Во вечерните часови, почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне 16.

Според метеоролозите во среда врнежи од снег ќе има во поголем дел од земјава. На планините, особено на запад снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 см, а помала снежна покривка се очекува да се формира и во поголемиот дел од земјава. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Коронавирус