среда, 5. август 2020. Вести денес: 167
home Вести

Сончево со засилен ветер, од утре пад на температурата

Сончево со засилен ветер, од утре пад на температурата

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во планинските предели на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку ден ќе биде најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21, а максималната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30-тиот степен.

Периодот на стабилно време продолжува и утре. Засилен ветер ќе дува низ целата држава што ќе услови опаѓање на температурата за околу пет степени.

Коронавирус