вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сончево со умерена облачност и умерен западен ветер

Сончево со умерена облачност и умерен западен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

До недела ќе преовладува стабилно време. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе предизвика пораст на температурите. Од понеделник ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност.

Коронавирус