недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Сончево со ниски утрински температури

Сончево со ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

В четврток утринската температура ќе биде од минус три до пет степени, по што постепено ќе се зголемува и ќе се движи од два до 10 степени.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

Коронавирус