сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Сончево со минусни утрински температури, магла по котлините

Сончево со минусни утрински температури, магла  по котлините

Сончево време со ниски утрински температури ќе преовладува денеска во земјава. На повеќе места утринските температури ќе бидат под нулата и ќе има услови за слаба магла по одделни котлини.

Во текот на денот ќе биде сончево и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3, а максималната од 13 до 17 степени.

Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

И во среда ќе се задржи претежно ведро време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

Коронавирус