петок, 4. декември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во некои котлини ќе има магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен ветер и ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

 

Коронавирус