недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 25
home Вести

Сончево, но студено време: Дува слаб ветер, дожд ќе има од петок

Дува слаб ветер од јужен правец, особено на повисоките места и планините, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.
Сончево, но студено време: Дува слаб ветер, дожд ќе има од петок

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса утринава во земјава преовладува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини како и вдолж Повардарието има појава на магла или заматеност на атмосферата.

Дува слаб ветер од јужен правец, особено на повисоките места и планините, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Претежно сончево со слаб јужен ветер ќе биде времето во текот на денешниот ден. По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на утринска магла.Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 10 до 17 степени.

Сончево со умерена локална облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. На запад претежно облачно. Ќе дува умерен јужен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на планините.

Во петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер, во петок од јужен, а во сабота попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување.

Најнови вести

Коронавирус