петок, 29. јули 2022. Вести денес: 131
home Вести

Сончево и топло време, УВ индексот 9 – попладне локален пороен дожд

Сончево и топло време, УВ индексот 9 – попладне локален пороен дожд

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а дневните ќе достигнат максимални 36 степени.

Во Скопје слично време со максинална дневна температура од 34 степени.

Утре и во четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме.

Коронавирус