вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Сончево и топло време уште денес, значителен пад на температурата од четврток

Сончево и топло време уште денес, значителен пад на температурата од четврток

Времето во Република Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а  дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.

Коронавирус