петок, 4. декември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.

Коронавирус