сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 87
home Вести

Сончево и топло време, од среда пад на температурите

Сончево и топло време, од среда пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб претежно источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната од 14 до 22 сепени.

До крајот на неделата ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а до вторник наутро ќе има услови за магла по одделни котлини.

Од среда ќе почне да дува северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови опаѓање на дневната температура.

Коронавирус