петок, 29. јули 2022. Вести денес: 69
home Вести

Сончево и топло утро, попладне со локална нестабилност

Сончево и топло утро, попладне со локална нестабилност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните и вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. (МИА)

Коронавирус