вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 27
home Вести

Сончево и топло до 27 степени, пороен дожд во среда

Сончево и топло до 27 степени, пороен дожд во среда

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Во вторник попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, а во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ЕУРО 2020

Македонија