четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Сончево и многу топло време

Сончево и многу топло време

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната температура од 24 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 10, а дненвта температура до  28 степени.

Утре ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.

МИА

Коронавирус