сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Сончево и многу топло време, УВ индексот 9

Сончево и многу топло време, УВ индексот 9

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени.

До средината на следнава седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за неколку степени.

Парламентарни избори 2020