сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сончево и многу топло, УВ индексот 9

Сончево и многу топло, УВ индексот 9

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе предизвика да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Коронавирус