четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 50
home Вести

Сончево до 20 степени, од понеделник повторно дожд

Сончево до 20 степени, од понеделник повторно дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 12 до 20 степени.

Во Скопје, претпладне со услови за појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.

ЕУРО 2020

Македонија