петок, 4. декември 2020. Вести денес: 161
home Вести

Сончев и топол ден, попладне дожд и грмежи

Сончев и топол ден, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град.  Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната од 21 до 31 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 30 степени.

Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица.

Коронавирус