петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Сонце во февруари: Топло време и температури до 14 степени

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од шест до 14 степени. 
Сонце во февруари: Топло време и температури до 14 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната до 11 степени.

Во петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе биде релативно топло со засилен, а на моменти и силен јужен ветер. Повремени врнежи ќе има и во недела, а во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање

Коронавирус