недела, 1. август 2021. Вести денес: 55
home Вести

Сонце, па пороен дожд и грмежи: Еве какво време не` очекува

Сонце, па пороен дожд и грмежи: Еве какво време не` очекува

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималните температури ќе се движат од од 11 до 19 степени, а максималните од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата од 15 до 31 степен.

Под влијание на топла воздушна маса од југ и во наредните денови ќе продолжи периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на седмицата.

Коронавирус