сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 94
home Вести

Солун: Запрен воз во кој група мигранти се обиделе да дојдат до границата со Македонија

Солун: Запрен воз во кој група мигранти се обиделе да дојдат до границата со Македонија

Група бегалци и мигранти се обиделе да се качат на товарен воз што сообраќал од Солун до Идомени, што се наоѓа на границата на Грција со Република Македонија.

Како што јави МИА од Атина, машиновозачот ја известил полицијата дека во вагоните нелегално се качиле група мигранти и бегалци, по што го запрел возот во близина на Солун.

Кога пристигнала полицијата, лицата што биле во вагоните веднаш побегнале.