четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 149
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Соколов: Македонците кои живеат надвор од Македонија после големите разочарувања од Заев и СДСМ, се заинтересирани за случувањата во нивната татковина

Македонците и македонските граѓани кои живеат надвор од границите на Македонија после големите разочарувања и неправди кои им ги приредија Заев и СДСМ, како никогаш досега се животно заинтересирани за судбината и случувањата во нивната татковина, вели во интервју за Курир еден од основачите и дел од ветераните на ВМРО ДПМНЕ, Иван Соколов.
Соколов: Македонците кои живеат надвор од Македонија после големите разочарувања од Заев и СДСМ, се заинтересирани за случувањата во нивната татковина

Господине Соколов можеме ли да очекуваме на овие избори дијаспората да добие свој претставник во Собранието?

Она што од секогаш било моја желба и заложба е да македонската дијаспора си избере свој претставник во законодавниот дом на Република Македонија. Залудни и неразбирливи се заложбите на СДСМ и дел од дипломатските претставници на Република Македонија кои се обидуваат лажно да прикажат во јавноста, дека македонската дијаспора не е заинтересирана за случувањата во Р. Македонија, дека се одродила и отуѓила од Р. Македонија и дека не треба да се меша во креирањето на нејзината политика. Напротив, македонците и македонските грагани кои живеат надвор од границите на Македонија после големите разочарувања и неправди кои им ги приредија Заев и СДСМ, како никогаш досега се животно заинтересирани за судбината и случувањата во нивната татковина Македонија и се надевам дека и покрај сите пречки и блокади ќе успеат да го го обезбедат потребниот цензус од 6700 записани гласачи во дополнителниот избирачки список.

Кои се најголемите проблеми и причини за малиот број пријавени државјени за гласање во некое од ДКП-ата?

Ако зборуваме за причините за малиот број пријавени гласачи во дополнителниот избирачки список најпрвин морам да констаирам дека тоа е последица на досегашниот инорански однос на сите досегашни влади на Р Македонија кон македоската дијаспора, како и сложениот начин на остварување на гласачкото право.

Негрижата и не вклучувањето на дијаспората во политичо економските процеси како и понижувачкиот однос кон тие наши сонародници се само дел од реалните причини зошто дијаспората е лута на политиките и политичарите во Р Македонија. Постарата македонска дијаспора нивните деца и внуци се веке вклучени во системот на земјите во кои живет. Систем со вредности и можности за просперитет. Некои ченови од македонската дијаспора се веке високо етаблирани во политичките и економски процеси во тие земји со стекнато искуство и репутеција. За тие наши сонародници , кои треба да бидат и промоторите на сите случувања во дијаспорта , неразбирлив и потценуваки е приметивниот однос на македонската политика. Имено она што се случува во Македонија, мито корупција, лажирање на избори насилно донесување на закони, спогодби и договори за промена на името на нивната Татковина Р Македдонија, откажување од идентитетот и гордоста на македонецот, се повеке тивко но сигурно ги оддалечува од неа.

Оттука сосема е оправдан нивниот револтот. а наше е да изнајдеме начини како повторно да ја вклучиме нашата дијаспора во сите политички текови во Република Македонија и да ја вратиме вербата во системот на Татковината.

Што ако не се обезбедат потребните 6700 државјани кои ке гласаат во дијаспората , дали нивниот глас пропага

Согласно Уставот на Р Македонија секој граганин кој наполнил 18 години и е деловно способени има право да избира и биде избран. Согласно таа определба на Уставот, државата е должна да обезбеди еднакви услови за изразување на својата воља на секој државјанин на Р Македонија
Па оттука некои хемофродитски решенија кои ги нуди Законот за избори се спорни конфузни и се дел од причините зашто е толку тешко да се запишат поголем број на гласачи во дополнителниот гласачки список .Тука се отвора прашањето зошто и со која цел спротивно на Уставот гласачите во дијаспората мораат в очи на секои избори да се пријавуваат во дополнителниот избирачки список.

Што се случува со избирачкиот список од предходните избори. Кој и со која цел одлучил дополнителниот избирачки список да биде уништен после секои избори. Ако Уставот на Р. Македонија веке гарантира право на глас за секој нејзин граганин, кој и со кое бирократско право одлучил да воведе цензус на запишани грагани во дополнителниот избирчки список како услов да се оддржат или не, избори во дијаспората .Во овој случај , ако Уставот предвидува еднаквост за сите гласачи и еднаквост на сите гласови, тогаш зосто законодавецот и непредвидл еднакви услови за гласање во дијаспората и Р. Македонија. Зошто гласачите во Р. Македонија до гласачко место да патуваат само неколку километри , додека во дијаспората да патуваат до 5000 км . За која и каква правичност зборуваме тука.

На крај би било правично барем ако веке некој одлучил, глгасачите од Избирачкиот список да се запишуваат во посебен избирачки список со цензус за оддржување на гласанње во дијаспората, тогаш би било сосема логично во случај на неисполнување на цензусот, гласачите автоматски да бидат вратени во матичниот избирачки список и на тој начин истите да можат на денот на избори да си го остварат со Устав загарантираното право.

Кои се плановите на ВМРО ДПМНЕ за дијаспората по 12 април доколку Вие ја формирате идната влада?

Тргнувајки од статутарно програмската определба на партијата дека Македонската дијаспора е нераскинлив дел од Р. Македонија и дека е расадник на кадри, знаење и капитал, Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе преземе низа активности и мерки со кои ќе ја доближи дијаспората до матичната татковина. Подучени од пропустите на сите досегашни влади на Р. Македонија сегашната генерција на политичари на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сруши сите прагови, пречки и предрасуди за сите наши сограѓани да можат повторно во својата родна грутка да се чуствуваат како свој на своето. Еднаквост за сите мора да има. Заради таа цел ги повикуваме и подаваме братска рака сите наши сонародници да се приклучат во обновата на нашата заедничка татковина Република Македонија.

Најнови вести

Коронавирус