понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 92
home Вести

Сојузот на синдикати на УКИМ: Не сме задоволни од решенијата во Колективниот договор за високо образование

Сојузот на синдикати на УКИМ: Не сме задоволни од решенијата во Колективниот договор за високо образование

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е незадоволен од предложените решенија во Колективниот договор за високо образование кој треба да биде потпишан помеѓу СОНК и Владата. Во соопштение оценува дека најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во високото образование и нема да придонесе за подобрување на материјалниот статус во високото образование.

-СОНК во суштина не е мнозински синдикат на вработените во високото образование. Својата правна репрезентативност СОНК ја оправдува со своето членство од основното и средното образование. Значителен број на одредби од Колективниот договор не се во согласност со Законот за високото образование и со високообразовната и научноистражувачката дејност. Најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во високото образование и ни оддалеку нема да придонесе за подобрување на материјалниот статус во високото образование. Платите во високото образование со години останаа непроменети, додека платите во другите дејности, како и минималната и просечната плата во Република Северна Македонија, постојано се покачуваа. Стандардот на вработените во високото образование драматично се намали, а платите во овој сектор се убедливо најниски во Европа, соопштуваат од синдикатот.

Оттаму дополнуваат дека најавеното минимално покачување апсолутно нема да придонесе за запирање на падот на стандардот на вработените во високото образование, кој, наведуваат, се случува во подолг временски период.

-Поради тоа, Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје смета дека е потребно далеку поголемо покачување на платите на вработените во високото образование.Со овој Колективен договор вработените на најстариот и најголемиот Универзитет во државата остануваат и понатаму дискриминирани во однос на платите на вработените на другите државни универзитети. Коефициентите за плата на наставниот и ненаставниот кадар во другите дејности од јавен интерес се повисоки од коефициентите за плата предвидени во овој Колективен договор. Коефициентите за плата на ненаставниот кадар се далеку пониски од коефициентите во државната администрација. Досега склучените колективни договори во Република С. Македонија се со многу поповолни услови отколку овој Колективен договор, стои во соопштението.

Бараат во Колективниот договор Владата да се земат во предвид забелешките и предлозите на Синдикатот на вработените на УКИМ.

-Истовремено, го повикуваме Собранието на Република С. Македонија, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, што побргу да донесе одлука и да ја овласти Владата да потпише Колективен договор на ниво на работодавач – УКИМ, кој реално ги изразува барањата и интересите на вработените на Универзитетот.Само на тој начин науката повторно ќе го врати своето достоинствено место во општеството, а вработените во високообразовните институции ќе можат непречено да ја вршат својата образовна и научноистражувачка работа во интерес на студентите и на иднината на државата, велат од Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј.

ЕУРО 2020

Македонија