понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 150
home Вести

Сојуз на Фолклорни Ансамбли: Министерство за култура со конкурсот направи невиден скандал и хаос

Сојуз на Фолклорни Ансамбли: Министерство за култура со конкурсот направи невиден скандал и хаос

Сојузот на Фолклорни Ансамбли на Македонија реагира на начинот на кој Министерството за култура ги распредели парите на последниот конкурс.

Од таму велат дека министерството направи невиден скандал и хаос и дека тие ќе реагираат на оваа неправда.

Соопштението на Сојузот на Фолклорни Ансамбли на Македонија  ви го пренесуваме во целост: 

Во врска со последниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за културата во Македонија за 2018,  објавен од страна на Министерството за култура на Република Македонија, кој наиде на огромни критики од целата јавноста, организации, здруженија, јавни лица, државни органи и субјекти и слично,

Ние  Сојузот на Фолклорни Ансамбли на Македонија ( СОФАМ ), под контрола и склоп на Светска организација по Фолклор ( ЦИОФФ ) , ве известуваме дека изминатата недела на состанок на Управен Одбор донесовме одлука  дека во Понеделник на 19.02.2018 , во 11 :00 часот, ќе организираме  прес конференција односно обраќање пред Министерството за Култура,  со наш став, критики и мислење околу оваа ситуација , бидејќи ние како Сојуз на Фолклорните Ансамбли постоиме да ги штитиме, помагаме и чуваме истите, кои директно се погодени со овој конкурс, конкурс со кој е направен невиден скандал и хаос а за тоа имаме и одредени факти и информации  и  затоа Ве Повикуваме да присуствувате за да го пренесете нашиот став околу целата ситуација, бидејќи  ние сме  едни од главните субјекти кои се опфатени со овој конкурс.

 

Коронавирус