сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Социјалните мрежи вријат откако Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката: „Оставка и одговорност, а не лажење“ (ФОТО)

Социјалните мрежи вријат откако Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката: „Оставка и одговорност, а не лажење“ (ФОТО)

Откако вчера министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, граѓаните остро го нападнаа министерот.

Социјалните мрежи речиси „вријат“ откако Филипче призна дека неговата внука Илина не била вакцинирана од МРП иако тоа го тврдеше преку фотографија на социјалните мрежи.

-Попаметно е да ќутиш и ништо да не кажуваш.

-Од кога дедовци носат деца на вакцинација? Мајката му дала полномоштво да и го вакцинира детето?

-Абе за ова во нормална држава и да одговараш би требало…

-За тебе вакцина за лажење, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку вчера министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.

„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче.

Коронавирус