петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРИЈАТ: На Фејсбук пишуваш „Седи дома“, но тоа правило не важи за тебе бидејќи си пратеничка! (ФОТО)

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРИЈАТ: На Фејсбук пишуваш „Седи дома“, но тоа правило не важи за тебе бидејќи си пратеничка! (ФОТО)

Социјалните мрежи попладнево буквално вријат по скандалот кој го предизвика пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ која позитивна на коронавирусот денеска се појави во собрание спротивно на законот.

Имено таа со појавувањето во парламентот и излегувањето од изолација го прекршила Членот 206 од КЗ на Република Македонија.

„Секое друго напуштање и непочитување на издаденото решение за изолацијапретставува кривична одговорност според Членот 206 од КЗ на Република Македонија. Во случајот одењето со скавандер на заразени пратеници со коронавирус на седница во Собранието на Република Македонија е кривично дело и казниво согласно закон“.

По ова гневните граѓани буквално ги запалија социјалните мрежи поради тоа што обичните граѓани седат дома со позитивен тест, а пратеничката за спас на „мнозинството“ на СДСМ се појави да гласа во собранието.

„Буквално сликата на кавер ти е „Седи дома“, ама изгледа не си го присвојуваш тоа правило за себе бидејќи се однесува на луѓе, а ти си политички мекотел“.

„Седи дома жени“, се само дел од коментарите, погледнете…

социјал

Коронавирус