вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Вести

Социјалните мрежи вријат: Министерката Царовска се правда по изјавата, но револтот кај граѓаните од неспособната власт се повеќе расте

Социјалните мрежи вријат: Министерката Царовска се правда по изјавата, но револтот кај граѓаните од неспособната власт се повеќе расте

Откако вчера министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во емисијата „Детектор“ изјави дека во Македонија четиричлено семејство може да преживее со 17 илјади денари, социјалните мрежи буквално кренаа револуција против неа.

Министерката за труд и социјална Мила Царовска за Детектор вчера изјави дека според „лајкин индикаторите“ на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители месечно му требаат околу 17.000 денари.

„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речи си до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики“ – Вели Царовска за Детектор.

По ова граѓаните својот револт веднаш го искажаа преку социјалните мрежи, особено твитерџиите разочарано реагираа на нејзината изјава.

„Мила Царовска носи ташна од над 17 000 денари и приота кажува дека тие се доволни за четиричлено семејство да го помине месецот. Која иронија“, „Мила Царовска вели на едно семејство со две деца до 14 год и двајца родители месечно му требаат околу 17.000 денари… НЕ бе..јас мислам МНОГУ ИМ СЕ..“, „ Кладам се дека штиклите и ташната на Мила Царовска коштат повеќе од 17.000 денари колку што таа тврде дека е доволно за четири члено семејство да ги покрие трошоците за еден месец.“, се само дел од коментарите…

Ленче Здравева од Штип со личен пример се придружи на коментарите под статусот на Фејсбук на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која реагира за „целосно извртување на вистината“ од портали во врска со нејзината изјава во емисија на Сител за потребната сума пари за четиричлено семејство за живот месечно.

„Да ѝ ја дадам мојата плата, може ќе ѝ остане некој денар“, ѝ реплицира на министерката штипјанката, на чиј профил на Фејсбук стои дека работи во АД „Баргала“, а која објавува платна листа со износ од 11.030 денари.

По оваа нејзина изјава експресно се огласи и Царовска која на својот Фејсбук профил бара споделување на нејзиниот пост во интерес на вистината.

-Во интерес на вистината ве молам споделувајте.

Насловите подолу кои ги вадат порталите се целосно извртување на вистината.

Во емисијата детектор споделувам индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, а не изразувам мој став. Во текстот подолу ја има целата изјава во која цитирам два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика. Еве ја мојата целосна изјава.

„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

По оваа изјава реагираше и Универзитетскиот професор Димитар Апасиев кој кратко на својот Фејсбук профил објави „И Царовска пролупа! Дајте друго дете“.

Инаку ова не е ваква прва изјава на министерката, имено таа во мај годинава изјави дека пет члено семејство може да го помине месецот со 12 илјади денари.

Ако мајката или таткото се вработени и земаат минимална плата, за трето дете од државата нема да земат ниту денар.

Успешната мерка на минатата Влада чија цел беше зголемување на наталитетот и помош за многудетните семејства, СДСМ ја укинува.

Само најсиромашните семејства ќе добијат помош од државата за трето дете.

Челниците во Владата на СДСМ уште еднаш дрско ги понижија граѓаните. Тие сакаат да претстават дека семејство со пет членови (мајка, татко и три деца), можат со 12.000 денари да го поминат месецот. Со оваа мерка, тие директно ги казнуваат овие луѓе, па носат одлука дека повеќе од 12.000 не им требаат.

Ако земате и денар над овие 12.000 денари, државата за трето дете нема да ви даде ништо.

-Додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, истакна денеска министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска.

Со оваа одлука, дури и на корисниците на социјална парична помош им се укинува можноста да земаат пари за трето дете во семејството.

-Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството. Значи ако во семејството имаат приходи до 12.000 денари тие ќе можат да го остварат правото на трето дете како што беше и во претходниот закон, а тоа е во наредните 10 години да примаат надоместок од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа право. Еднократната исплата за прво дете си останува во законот како што беше во првичното решение и за второ дете исто така даваме надоместок, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа.