четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Социјалдемократите вријат: Ако Заев потпише анекс на Договорот со Бугарија, тоа ќе значи крај за СДСМ

Социјалдемократите вријат: Ако Заев потпише анекс на Договорот со Бугарија, тоа ќе значи крај за СДСМ

Назначувањето на Владо Бучковски за преговарач со Бугарија, откако Македонија на првата меѓувладина конференција доби вето за почеток на пристапните преговори со Европската унија од страна на Бугарија е само долевање масло на огнот и за така веќе нарушениот однос во владејачката СДСМ и членството, велат нашите извори

Не стивнуваат ниту реакциите од страна на високите партиски челници по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската национална агенција БГНЕС а нашиот извор вели дека членовите не се откажуваат од барањата за оставка на Заев и покрај неговиите неуспешни обиди да се „оправда“ пред нив дека немал намера да ја стави државата и македонскиот народ во една завидна состојба со искажаните ставови кои ја поткопуваат државноста и суверинтетот, не само кај источниот сосед, туку генерално и во Европа и во светот.

-Разочарувањето е огромно. Заев постапи многу недржавнички и затоа треба да си ги сноси последиците, оставката е најмал чин кој што може сега да го направи. Во некои други држави ова го сметаат за велепредавство и соодветно се одговарат пред законите. Ние сме едногласни бараме негова оставка и од тоа не отстапуваме, вели нашиот извори и додава дека Заев веќе наслушнал што мислат неговите сопартиици, па морал да ги убедува дека со назначувањето на Бучковски за специјален преговарач со Бугарија може до 8 декември да се промени одлуката за Македонија бидејќи тогаш амбасадорите на земјите членки треба уште еднаш да се состанат во пресрет на министерскиот совет на ЕУ за да ги усогласат заклучоците.

– Свесни сме дека ниту на 8 декември нема да добиеме датум за почеток на преговорите, а Заев уште сега не припрема дека можно е потпишување на друг договор во кој ќе прифати се што ќе побара бугарската страна со што се испостави дека ако овие информации се точни тогаш тоа би значело крај за СДСМ како политичка партија, последиците ќе бидат долгосежни и непоправливи, вели изворот за нашата редакција.

Со сигурност може да се каже дека тронот на Заев се ниша имајќи во предвид дека после неговото интервју во кое ја става Македонија во една потчинета состојба со свој став излезе и поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски кој свика итна седница на Централниот и Извршниот одбор и носење на одлука дека овој став не е став на партијата, како и побара замрзнување на неговото членство.

На интервјуто реагиршаа и неколку поранешни високи функционери меѓу кои Софија Куновска, Илинка Митрева, Гордан Георгиев, професорката Ана Павловска Данева, Зоран Јовановски, Андреј Петров, Наташа Савова, а од актуелните градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој реагира и на изјавите на Владо Бучковски пишувајќи дека неговите изјави дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави значи велепредавство и се спротивни на македонскиоте национални интереси како и коалиционите партнери Лилјана Поповска од ДОМ, и Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Нашиот извор тврди дека и покрај обидите на министерот за здравство Венко Филипче, пратеникот Костадин Костадинов, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ген секот на владата Мухамед Зекири биле неуспешни, бидејќи немале никаков авторитет врз членството, а ниту врз одредени високи партиски функционери односно како што вели, тие биле истрошени и слаби политичари во однос на извршување на политиките на партијата и привлекување на поголем број на членови, а нервозата кај Заев изминатите денови била се поочигледна и поизразена.

Повеќе од јасно дека оваа тема ќе биде актуелна подолг временски период со оглед на фактот дека вакво предавство и понижување на македонскиот народ и држава како што приреди премиерот на владата Заев до сега во 30тина години самостојна држава не се случило од ниту еден друг политичар без разлика на политичката определба.

Од друга страна, па се случува сосема спротивното од Заев, имено секојдневните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е спремен да застане цврсто во одбрана на достоинството и честа на македонскиот народ, македонската држава и идентитет.

Како порака која се упатува на овие протести кои што од ден на ден се се помасовни со огромна поддршка од граѓаните е дека ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка на Заев и прекинување на преговорите за распродажба на македонската историја, јазик и идентитет.

Најнови вести

Коронавирус