среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

„Социјалдемократијата во светот и онаа во Македонија”

„Социјалдемократијата во светот и онаа во Македонија”

Од секогаш ми било задоволство да ја разгледувам политичката теорија, од онаа најдесната, до најлевата, од онаа најрадикалната до онаа најреакционерската. Денес одлучив накратко да направам една компарација на социјалдемократијата во светот и онаа во Македонија ( ако воопшто може да се нарече социјалдемократија ).  

Социјалдемократијата од своите почетоци до денес општо земено е многу променета. Таа би ја дефинирал како политичка теорија односно идеологија која поминала низ многу човекови видувања и потреби што резултира со нејзиниот денешен облик и нејзините денешни цели. Прво заради воените процеси и почетоците на социјалдемократијата веднаш била принудена на формирањето на повеќе крила, некои крила се дистанцирале од други, а некои пак воопшто не опстоиле, и не „ узреале ” во политички и општествен смисол. Десното крило на социјалдемократија, фрустрирано од недемократските потези на руските комунисти, експлицитно го отфрлија револуционерниот пат кон социјализам и инсистирале на своето диференцирање во однос на комунистите, додека дел од предвоената левица и предвоениот центар на социјалдемократијата сакале да се помират двата закарани пола и сакале да го зачува предвоеното единство на работничките и просоцијалистички сили, но не успеале во својата намера, пред сè поради непопустливоста на комунистите, и се приклониле кон десното крило, кое го задржа стариот назив „ социјалдемократија “. Значи иако скоро сите мислат дека „ комунистите ” и „ социјалдемократијата ” се нешто исто, или слично, сепак се работи за нешто многу различно. Тоа што социјалдемократите во Македонија сакаат да го присвојат комунистичкото или социјалистичкото дејствување и минато на овие територии е еклатантен пример на идеолошка нестабилност и покажување на идеолошка определба само по потреба. По самата системска промена на социјалдемократијата таа се ориентира кон реформирање и хуманизирање на капиталистичкиот систем. Самта промена во идеолошките определби и верувања на социјалдемократијата тие го нарекле „ демократски социјализам “, иако со таа нејзина преобразба социјалдемократијата престана да биде просоцијалистичка сила. По падот на комунизмот во повеќе делови на Европа, социјалдемократија доживува уште еден удар или уште една преобразба да речам. Многу социјалдемократи почнаа да ги напуштаат политичките определбите кон  сиромашните и непривилегираните, добивајќи црти или доближувајќи се кон либералите. Оваа преориентација на социјалдемократијата се вика или најпозната е како „Третпат“ и „Нов центар“. 

Првите обиди за формирање на социјалдемократска партија во Македонија се нешто по младотурската револуција. Кои заради тогашната растегнатост на населението и влијанието од соседните држави сепак резултирала со неуспех. Социјалдемократските идеи во Македонија пробуваат да заживееат по Светските Војни, но поради  режимот кој владееше тоа не доживува реализација. По Втората светска војна во Македонија е воведен комунистички систем, режим кој забрануваше постоење на други идејни опции, вклучително и на социјалдемократската, така што доаѓа до тоа првото партиско организирање на социјалдемократите во Македонија се случи по воведувањето на партискиот плурализам или на крајот на 1989 година. 

Со тоа, доаѓаме до моментот кога во Македонија се случува комплетен хаос во социјалдемократијата. Од старт фаличност. Да не зборуваме за тоа кога нешто што е фалично, ќе дојде до позиција или ќе добие моќ која е многу поголема од него и нема да може да ја контролира. Кога ќе дојде момент, повторно да се менува социјалдемократијата, но само привидно, а заедно со тоа менување да пропаѓа и државата.  

За самото „ Социјалдемократско ” владеење во државава не мора да ви раскажувам многу, сите го имаме почувствувано тоа на своја кожа. 

Ова кое денес владее со Република Македонија не е социјалдемократијата! Ова кое денес владее со Република Македонија е „ Социјалсрамотија “. Левичарските сфаќања и определби земени во глобала не предвидуваат распродажба на државни односно национални интереси, не предвидуваат богатење на функционерите туку предвидуваат еднаков третман на сите слоеви во општеството, родова еднаквост, и социјални права. Предвидуваат демократија а не едноумие, предвидуваат прифаќање а не отфрлање на ставот на народот ( пример референдум ). Предвидува народни гласници и народни работници, а не народни изедници.   

И нешто кое од секогаш било збунувачко за мене, дали луѓето кои се левичари, без разлика дали се екстремисти или не, а кои живеат во Република Македонија можат да се наречат социјалдемократи а да гласаат за ваква идеолошки изгубена екипа!? 

 

Леон Стефановски

Коронавирус