недела, 27. септември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Собраниската Комисија утре ќе ја започне дебатата по уставните амандмани

Собраниската Комисија утре ќе ја започне дебатата по уставните амандмани

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска нема да ја започне дебатата за уставните нацрт-амандмани. Комисијата, како и собраниската седница, со други точки на дневен ред, што беа закажани за денеска се одложени за утре поради тоа што голем дел од пратениците ќе бидат отсутни заради комеморативната седница и погребот на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, кој ненадејно почина на 48-годишна возраст во саботата.

Ова е трета и последна фаза од постапката за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа. Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани, и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите, а потоа како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија.

Денеска најверојатно седница нема да одржи ниту Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција, која во текот на неделава треба да усвои предлог текст на закон за амнестија за настаните од 27 април.

Во Собранието денеска попладне се најавени средби на претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците со европратеникот Стелиос Кулоглу и нобеловката за мир од 2015 година Видет Бучамауи, како и седница на Законодавно-правната комисија.

МИА

Коронавирус