вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 95
home Вести

Собраниската комисија ја усвои Предлог одлуката за продолжување на рокот за кризна состојба

Собраниската комисија ја усвои Предлог одлуката за продолжување на рокот за кризна состојба

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница едногласно ја усвои Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.

Владата на седницата на 13-ти месецов го усвои Записникот од 10. седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и Записникот од седницата на Групата за процена, го прифати предлогот на Управувачкиот комитет и ја утврди потребата да се продолжи рокот за постоење на кризната состојба до 31 декември 2021 година.

Како што информира за МИА претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Миле Талевски, на седницата се поддржани и предлог- одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ” во Република Либан и за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ” во Република Либан.

Коронавирус