понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Романија

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Романија

Собраниска делегација од денеска до сабота во Букурешт ќе учествува на Интерпарламентарна конференција организирана од Комисијата за заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата за заедничка безбедносна политика на државите членки на Европската унија.

Во состав на собраниската делегација се Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими, координатор на пратеничката група на ДУИ, Емилија Александрова, член на Комисијата за одбрана и безбедност и надворешна политика и Ане Лашкоска, член на Комисијата за надворешна политика.

На конференцијата се очекува да се отвори дебата за имплементацијата на приоритетите на Романското претседателство со Советот на Европската Унија, а најавено е и обраќање на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Се очекува присуство на голем број министри од Романија, претставници од Европскиот парламент, Европската комисија и земјите членки на Европската Унија.

Според агендата, предвидена е и расправа за значајни и актуелни прашања како што се приоритетите и стратегијата за иднината на европската безбедност, стратешката важност на Црното Море во Европската Унија, начините за зајакнување на одбраната во ЕУ, Брегзит, како и за идните перспективи на ЕУ за земјите од Западен Балкан во процесот на проширување. (МИА)

Најнови вести

Локални избори 2021