понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 109
home Вести

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Прага

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Прага

Делегација од Собранието на Република Македонија утре ќе учествува на Интерпарламентарната конференција „Почитување на слободата на изразувањето, вклучувајќи ја и слободата на медиумите во ЕУ и пошироко“ што се одржува во Прага.

Настанот е во организација на Европскиот парламент, во соработка со Претставничкиот дом на Чешката Република.

Во делегацијата од Собранието се пратениците Лилјана Затуроска, како претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија, како и Благојче Трпевски, Реџаиљ Исмаили и Благоја Деспотоски, како членови на Комисијата.

МИА