петок, 5. март 2021. Вести денес: 124
home Вести

Собранието треба да ја продолжи 32. седница

Собранието треба да ја продолжи 32. седница

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 32. седница, на чиј дневен ред има 47 точки. Расправата по дел од точките на дневниот ред вчера заврши, но, по нив не се гласаше поради недоволен број пратеници присутни на седницата.

Собранието вчера попладнето ја заврши расправата за предлог-законите за измени на законите за детективска дејност и за гранична контрола, како и за измените и дополнувањата на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.
Пратениците ја завршија и расправата за Дополнетиот предлог на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и за дополнетиот Предлог на законот за рамномерен регионален развој, по кои, исто така, ќе се гласа дополнително.

На 32. седница на дневен ред се Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2021 година, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021, Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењето на осигурителниот пазар во Македонија во 2019 година, Годишниот извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година, Годишен извештаја на Агенцијата за електронски комуникации за 2019 година, Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2019 година и други.

Коронавирус