недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Собранието треба да ја продолжи 131. седница

Собранието треба да ја продолжи 131. седница

Собранието денеска треба да ја продолжи 131. седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони што треба да бидат донесени по скратена постапка.

Меѓу нив е Законот за минерални суровини, предлог-измените на Законот за надворешни работи, Предлог-законот за Агенција за проверка на носители и кандидатите за носители на јавни функции, Предлог-измените на Законот за надворешни работи, Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање.

Седницата почна вчера, а по утврдувањето на дневниот ред со 70 точки, беше избран заменикот на главниот државен ревизор и донесен Законот за урбанистичко планирање. Пратениците донесоа и неколку одлуки за испраќање на припадници на Армијата во мировни мисии во Авганистан, Либија, Босна и Херцеговина и Централно африканската Република.

Најнови вести

Коронавирус