петок, 29. јули 2022. Вести денес: 79
home Вести

Собранието треба да ја одржи 75-тата седница

Собранието треба да ја одржи 75-тата седница

Собранието денеска треба да ја одржи 75-тата седница, на чиј дневен ред се три точки, меѓу кои ребалансот на Буџетот и Предлог одлуката за продолжување на крзината состојба на дел од територијата на земјата.

Прва точка пред пратениците е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, по скратена постапка, иако амандманската распра за ребаланост на Буџетот за оваа година на матичната Комисија за финансирање и буџет се уште не завршена, и како што е најавено треба да продолжи утре.

Пратениците треба да ја разгледаат и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавнот здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.

Последна точка на дневен ред е Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка. Овие предлог измени, се однесуваат во делот на престанок на договорот за вработување, со предвидување на исклучок за судиите и јавните обвинители и предвидување одредби за продолжување на нивниот мандат. Временската важност на овие одредби, се предлага да трае најмногу до три години се со цел да се постигне пополнетост на местата во судовите и јавните обвинителства.

Во Собранието денеска седница треба да одржи и Законодавно-правната комисија.

Коронавирус