вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 85
home Вести

Собранието штаца закони– 40% во скратена постапка, дали ќе се злоупотребува европското знаменце пред избори?!

Собранието штаца закони– 40% во скратена постапка, дали ќе се злоупотребува европското знаменце пред избори?!

Во периодот од април до јуни годинава Собранието во најголем дел гласало закони предложени од владата. 85 проценти од донесените закони биле владини предлози. Тоа е најголем процент во едно тримесечје откако оваа влада е на власт.

Само 8 закони односно 15 отсто се од народните избраници, се вели во извештајот на МОСТ за одговорноста и транспарентноста на законодавниот дом. Поранешни пратеници стравуваат дека парламентот следните неколку месеци пред изборите може да се претвори во гласачка машина да носи популистички закони и да се злоупотребува европското знаменце. Владата и парламентарното мнозинство беа мета на критика за носењето со европско знаменце на Законот за употреба на јазиците и Законот за контрола на опојни дроги.

„Ако ние за да може марихуаната да се одгледува штанцаме закони со европско знаменце штанцаме знамиња и ако Законот за јазиците за да нема дебата, за да нема повеќе јавен говор соочување на фактите беше и тој склепан со европско знаменце па сега Венецијанската комисија ја компллицира со својот заклучок целата работа тогаш јасно ни е дека и тоа како се спремаат брзи прсти и европски знаменциња на пола од законодавството“, Ивон Величковски – Поранешен пратеник.

За разлика од Величковски, неговиот поранешен колега Сафет Бишевац вели дека доаѓа моментот на соочување со народот за она што партиите го направиле или не го направиле.

„Народот е без разлика какво мислење имате вие за него или немате. Или без оглед на тоа дали мислите дека со гол популизам или со не знам какви купувања практично со тоа што ќе му зголемите пензија или социјално, или давачки ќе намалите цената на струјата непосредно пред избори. Нема да биде владата на Заев првата која тоа го користела, но би требало да е последната“, Сафет Бишевац – Поранешен пратеник.

Според извештајот на МОСТ над 60 проценти од законите се донеле во редовна, а речиси четириесет отсто во скратена постапка. Процентот на закони донесени во редовна процедура е два пати зголемен во однос на претходниот период.

ИЗВОР: АЛФА

Коронавирус