понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Вести

Собранието попладнево ќе расправа за одобрување притвор на Димовски

Собранието попладнево ќе расправа за одобрување притвор на Димовски

На седница на Собраниетио на Република Македонија, закажана за попладне во 15:30 часот, ќе се расправа за  барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд.

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во саботата со пет гласа „за“ и четири „против“  го прифати барањето на судот за притвор на Димовски и му предложи на Собранието да го одобри.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

На Цветков и на Делев им е одреден триесетдневен притвор, а на Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му беше определена мерка „куќен притвор“.