четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 145
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Собранието не работи според правото: Прво заобиколена процедура за Законот за јазици, сега не го почитува Законот при разрешување членови од Комисијата за инспекциски надзор

Собранието не работи според правото: Прво заобиколена процедура за Законот за јазици, сега не го почитува Законот при разрешување членови од Комисијата за инспекциски надзор

Собранието продолжува со праксата да ги заобиколува правните норми и пропишаните процедури со истите. Тоа го направи минатата недела при усвојување на законот за јазиците, но и сега при разрешување на членовите на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Согласно со Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, претседателот или членот на Комисијата се разрешува пред истекот на мандатот, ако: прво, трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието на Република Македонија, второ, е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци и трето, врши работи кои се неспојливи со функцијата член или претседател на Државната комисија.

Но, наместо да се води Собранието по Законот, тоа се води по одлука на владата која пак дава образложение кое нема основа во Законот. Дополнително на ова владата прави и грешка при броењето.

Имено, владата на 20 февруари годинава заклучила да му предложи на Собранието од должноста претседател и членови на Државната комисија предвремено да ги разреши претседателот Александар Софронијоски и членовите Симона Лескароска, Тања Дедејска, Зорица Стоилева, Неждет Винца, Хајрула Мисини и Владимир Петровски.

Како причина за разрешувањето во предлогот владата се води од извештајот за работа на Комисијата. Или образложението е следно дека во Извештајот за работа на Државната комисија за 2016 година доставен до Собранието, Комисија навела дека примила 3589 предмети од кои решила 3037 и дека истата не постапила по 901 предмет односно 23% од вкупниот број на предмети за 2016 година. Наведеното и не е точно, ако од 3589 се одземе 3037, бројот на нерешени предмети е 552, а не 901 како што е наведено во предлогот. Дополнително, што овие 552 предмети се или предмети примени во ноември и декември месец 2016 година и за истите законскиот рок од два месеци за постапување не е изминат до 31.12.2016 година кога е затворен извештајниот период. Но, можно е и тука да се и предмети кои до Државната комисија се доставени некомплетни поради што Комисија бара нивно комплетирање за да може по истите да постапува.

Оттука е јасно дека владата носејќи ја одлуката не се водела од Законот, а оттука ниту Собранието. Наведениот предлог со барање за предвремено разрешување претставува грубо кршење и на Уставот и мешање на извршната власт во законодавната власт од причина што Државната комисија е државен орган кој е самостоен во својата работа.

Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е основана со Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка („Службен весник на Република Македонија” број 130/2014…број 11/2018), (во натамошен текст: Закон) кој влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службениот весник на Република Македонија односно од ден 11.09.2014 година, а започна да се применува од ден 01.02.2015 година.

Согласно членот 3 од Законот, Државната комисија е составена од претседател и шест члена кои функцијата ја извршуваат професионално. Претседателот и членовите на Државната комисија ги избира по пат на јавен конкурс и ги разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Претседателот и членовите на Државната комисија се избираат за период од 5 (пет) години со право на повторен избор.

Претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка беа избрани од страна на Собранието на Република Македонија со Одлука за избор на претседател и членови на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка бр.08-835/1 од 16.02.2015 година, а објавена во „Службен весник на Република Македонија” број 23/2015.

Со наведената Одлука за Претседател на Државната комисија е избран Александар Софронијоски, а за членови на Државната комисија се избрани: Симона Лескароска, Тања Дедејска, Зорица Стоилева, Неждет Винца и Хајрула Мисини.

Согласно член 3 став 7 од Законот, од редот на членовите со Одлука за избор на Заменик претседател на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка бр.0401-45 од 19.05.2015 година избрана е Симона Лескароска.

Дополнително, на ден 11.01.2016 година со Одлука за избор на член на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка на Собранието на Република Македонија бр.08- 157/1 од 11.01.2016 година, а објавена во „Службен весник на Република Македонија”број 4/2016 за член на Државната комисија е избран Владимир Петровски.

Владата на Република Македонија на седницата одржана на 20.02.2018 година заклучила да му предложи на Собранието на Република Македонија од должноста претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка предвремено да ги разреши Претседателот Александар Софронијоски и членовите Симона Лескароска, Тања Дедејска, Зорица Стоилева, Неждет Винца, Хајрула Мисини и Владимир Петровски (заведен под Бр.24-2425/1 од 23.02.2018 година).

Како причина за разрешувањето во предлогот е наведено дека во Извештајот за работата на Државната комисија за 2016 година доставен до Собранието на Република Македонија Државната комисија навела дека примила 3589 предмети од кои решила 3037 и дека истата не постапила по 901 предмет односно 23% од вкупниот број на предмети за 2016 година. Наведеното и не е точно, ако од 3589 се одземе 3037, бројот на нерешени предмети е 552, а не 901 како што е наведено во предлогот. Дополнително, што овие 552 предмети се или предмети примени во ноември и декември месец 2016 година и за истите законскиот рок од 2 месеци за постапување не е изминат до 31.12.2016 година кога е затворен извештајниот период или предмети кои до Државната комисија се доставени некомплетни поради што Државната комисија барала административно доуредување за да може по истите да постапува.

Согласно член 4 став 2 од Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка Претседателот или членот на Државната комисија се разрешува пред истекот на мандатот, ако:

  • трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието на Република Македонија,
  • е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или
  • врши работи кои се неспојливи со функцијата член или претседател на Државната комисија.

Ставот 3 од истиот член предвидува дека предлог за разрешување на претседателот и членот на Државната комисија може да поднесе и Владата на Република Македонија, но само од претходно наведените 3 (три) причини.

Од наведеното јасно произлегува дека причината наведена во предлогот за разрешување не е предвидена како основ за предвремено разрешување на претседателот и членовите што предлогот за разрешување го прави неоснован, неправилен и спротивен на член 4 од Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Дополнително, согласно член 6 став 1 од Законот, Државната комисија за своето работење поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија до крајот на март во тековната година за претходната година. Што значи дека Државната комисија единствено има законска обврска Годишниот извештај да го достави до Собранието. Собранието нема законска обврска ниту основ истиот да го доставува на мислење до Владата, ниту пак Владата има надлежност по истиот да се произнесува.

Наведениот предлог со барање за предвремено разрешување претставува грубо кршење и на Уставот на Република Македонија и мешање на извршната власт во законодавната власт од причина што Државната комисија е државен орган кој е самостоен во својата работа и има својство на правно лице и која преку својата надлежност- одлучување по жалби ги контролира решенијата донесени во прв степен во инспекциска постапка како и одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган. Од причина што инспекторатите/овластените инспектори и прекршочните органи се дел од извршната власт значи дека Државната комисија претставува директен контролор на нивната работа во втор степен.

Коронавирус