недела, 9. мај 2021. Вести денес: 61
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Вести

Собранието на акционери го разреши менаџментот на „Реплек“

Собранието на акционери го разреши менаџментот на „Реплек“

Недоверба на сите членови на Управниот и Надзорниот одбор на „Реплек“ изгласаа мнозинството акционери во компанијата на Годишното собрание. Според Закон, оваа одлука значи дека сите нивни членови, вклучително и генералниот директор, Иван Туџаров се разрешуваат од нивните функции.

Одлуката доаѓа поради незадоволство и нетранспарентно работење во последните две години од страна на менаџментот.

-Се работи за начинот на раководење на фирмата. Одлуките кои што се носат внатре во неа, во контекст на инвестициите што се прават, неосновани, односно без позадински бизнис и економски планови како и зголемената добивка која што е рекордна во изминатата корона 2020 година, а од друга страна ускратените акционери кои што очекуваат, се надеваат и ги довериле своите средства и капитал очекувајќи дека ќе им се оплоди и размножи капиталот и ќе им се врати инвестицијата, појаснува Душан Пецовски, предводник на акционерите кои гласаа недоверба.

Изутрината Македонската берза привремено го запре тргувањето со акциите на „Реплек“. Но попладнево, повторно беше овозможено тргување со акциите откако биле испратени одлуките од собранието на акционери.

Сител се обиде да добие изјава од Туџаров за да ја дознаеме и неговата страна. Сепак, во текот на целиот ден неговиот телефон остана недостапен, па не одговори ниту на пораките.

Реплек во минатата година остварила рекорден раст на профитот од 25 отсто. Бројот на вработени се зголемил за 10 проценти, односно за околу 40 нови вработени. Пецовски уверува дека вработените во компанијата нема да почувствуваат никакви последици од турбуленциите во раководството.

Коронавирус