четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Собранието ќе одржи продолжение на 71. седница

Собранието ќе одржи продолжение на 71. седница

Републичкото Собрание денеска треба да одржи продолжение на 71. седница, на чиј дневен ред се Годишните извештаи за 2021 година работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година.

Пред пратениците на оваа седница е и Предлогот за кандидат за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, но и интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.

На дневниот ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина и Предлог – законот за изменување на Законот за работните односи.

Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, Информација за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2021 година, како и  предлог – одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, се исто така меѓу точките на агендата за собраниската седница.

Како што е најавено, на оваа седница пратениците треба да расправаат и по Предлог-законот за финансиска стабилност, за Предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка.

На седницата се очекува да се дискутира и по годишните извештаи за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2021 година, за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021 година, на Агенцијата за електронски комуникации за 2021 година, на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2021 година, како и за Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2021 година.

Коронавирус